(ФОТО) „Обожавам сараевски ќебапи“ - напиша Вучиќ и си „кркна“ во авионот кон Белград
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која јаде сараевски ќебапи во авион, што ги оцени како „најдобро освежување пред да се врати во Белград“.
За време на престојот во Сараево, Александар Вучиќ се состана со членовите на Претседателството на БиХ и предаде донација на вакцини на таа земја.
„По успешниот престој во Сараево, најдобро засилување пред да се вратам во Белград. Служев војска во Лукавица и оттогаш ги обожавам ќелапите од Сараево. Сепак, поважен од тоа е фактот дека закажавме голем самит на Србија и БиХ во Белград. Одлична прилика за унапредување на нашите односи“, стои во објавата на профилот на Инстаграм “buducnostsrbijeav“.Фото: Инстаграм
Слично
