ФОТО:Обоен е Кривичниот суд, демонстрантите одат кон Владата
Демонстрантите од „Протестирам“ вечерва ја обоија зградата на Основниот суд Скопје 1, односно Кривичниот суд.
Пред судот се обратија адвокати и мајката на приведениот демонстрант, Борјан Ефтимов, кој доби мерка куќен притвор од 30 дена поради учество во толпа која ја демолирала канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Тие кажаа дека судиите судат по партиска директива, а не според законот. Додаваат дека на млади лица кои се сомничат за мали кривични дела, судиите им доделуваат мерка притвор, а за оние кои се осомничени за многу посериозни кривични дела, судовите не одредуваат никакви мерки.
Протестот оттука се сели пред Владата.
Слично


