Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Обид за насилно влегување во адвокатската канцеларија на Шилегов

(ФОТО) Обид за насилно влегување во адвокатската канцеларија на Шилегов
Обид за кражба или заплашување? Синоќа околу полноќ насилници се обиделе насилно да влезат во адвокатската канцеларија на претседателот на анкетната комисија и портпарол на СДСМ Петре Шилегов. Шилегов на социјалната мрежа Фејсбук ги објави фотографиите на кои се забележуваат погоре наведените тврдења. Имено, според неговата изјава дадена за 24 вести, случајот е пријавен во полиција и е направен увид. Шилегов вели дека индикативно е тоа што некој мора да им отворил на насилниците за да влезат во зградата, како и тоа дека биле многу бучни. Тој под фотографиите на Фејсбук напиша : „Оштетено, не влезено. Да замолчам. Никогаш“.         [gallery ids="195672,195671,195673,195674,195675"]
Слично

Поврзани вести