Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО РЕГИОНОТ: Поплави во Црна Гора и блокирани патишта

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО РЕГИОНОТ: Поплави во Црна Гора и блокирани патишта

Невреме го зафати регионот. 

Обилните врнежи од дождови во Црна Гора поплавија повеќе градови, и го блокираа сообраќајот. 


Во градот Херцег Нови се излиле повеќе одводни канали, а водата навлегла во домовите и во деловните објекти.

Причинета е голема материјална штета во повеќе црногорски градови, има одрони на патиштата, а на неколку делници сообраќајот е во прекин.

Стариот град Котор е целиот под вода, а поради интензитетот на дождовите комуналните служби не можат да преземат ништо.

По полноќ наврнале 86 литри на метар квадратен. 

На многу патишта од невремето има паднати дрвја. Службите се на терен и работат за остранување на дрвјата. 

Во текот на денот граѓаните беа повикани да останат дома.

фото Вјести.ме

Слично

Поврзани вести