ФОТО: Невреме во Хрватска – предизвикани големи штети
Невремето кое во текот на ноќта го погоди хрватското крајбрежје, предизвика голема материјална штета.
Ветерот носеше дрвја и гранки со што беше попречен сообраќајот во делови на Сплит, а неколку возила се уништени, пишува „Јутарњи лист“.
Во Задар улиците се поплавени, а поради силниот ветар, спасувачките служби добиле неколку сигнали за помош од чамци, кои останале во морето.
На места во текот на ноќта врнежите достигнаа 90 литри на метар квадратен, а во близина на Лошињ падна град со големина на орев.
Во Шибеник температурата утрово падна на 20 степени, во Задар и Сплит е 21 степени, а во Дубровник – 25 степени.
Слично



