Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Дрвја паднаа врз туристи, а гром удри во Германец

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Дрвја паднаа врз туристи, а гром удри во Германец

Дрвја паднаа врз туристи во кампови во Ровињ и Пула, а едно лице е на интензивна нега, откако невреме  синоќа ја зафати Хрватска. 

Најсериозниот инцидент се случи во камповите Портон Бионди и Амарин, каде што силните ветрови предизвикаа паѓање дрвја врз каравани со туристи. Според досега достапните информации, три лица се тешко повредени, а четворица се полесно повредени. Директорот на болницата Андреј Анѓелини потврди за ХРТ дека едно лице е во критична состојба. 
Германскиот државјанин П.К. (30) е тешко повреден од силен удар од гром на плажата на хрватскиот остров Црес, каде што летал змеј со своите пријателки. Тој е примен во болница. 


Слично

Поврзани вести