(ФОТО)Нема ограда што ќе ги задржи мигрантите, пеш се враќаат повторно на македонските патишта!
Грција ги испразни камповите, низ официјалните премини поминуваат само бегалците кои доаѓаат од воените жаришта од Сирија, Авганистан и Ирак. Сепак на македонските патишта зголемен е бројот на илегални мигранти кои успеале да влезат во земјава. Пешачат во помали групи, најчесто мажи кои се упорни во намерата да го продолжат патот кој треба ги одведе до некоја од западно-европските земји -велат хуманитарците на терен.
Ленче Здравкин која долго време работи со бегалците, за Фактор вели дека покрај во Гевгелија, деновиве почнала да снабдува и да дели хуманитарна помош во ќебиња, храна и вода и за се поголемиот број на мигранти кои секојдневно минуваат пред нејзиниот дом. Оваа хумана жена која пред неколку месеци неуморно им помагаше на бегалците на пеколните летни температури, вели повторно се навраќа на спомените кога ги отворила вратите на својот дом. За неа нема економски или неекономски мигранти, туку само луѓе во невоља кои бараат и треба да добијат помош.
“Вчера само што стигнав од Гевгелија. Бев преморена. Но попатно видов група од дваесетина мигранти, Алжирци и Мароканци кои за безмалку еден час поминаа токму пред мојата куќа која се наоѓа близу железничката станица. Побрзав да стигнам дома, веднаш почнав да ги подготвувам пакетите со вода, ставив чај за да им дадам барем еден топол напиток. Кога пристигнаа, во нивните очи видов само страв и очај. Неможеа да ја скријат радоста кога им дадов по едно ќебе, малку храна. Потоа продолжија понатаму”-раскажува Здравкин
Ова не е само една изолирана група. Минатите денови имало помалубројни групи, но од она што и го раскажуваат овие луѓе, се бараат секакви начини да се влезе во земјава и да се помине бегалската рута што поскоро. Повеќето се мажи кои ги оставиле своите семејства во потрага по подобар живот.
“Трогателни човечки судбини. Изморени се но упорни. Велат немаат што да изгубат. Животот го ставиле на ризик. Имаме потреба од повеќе машки обувки бидејќи токму групата која вчера помина беше речиси и без кондури. Патуваат по пет до седум дена по македонските патишта. Рекоа до Велес пешачеле пет дена, а кондурите и патиките веќе им беа излижани. На некои им се гледаа чорапите и прстите. Се обидувам да најдам донации во обувки бидејќи тие се најпотребни. Потребна е и топла облека. Илјада пара хеланки деновиве во Гевгелија мислам дека ги снема за час”-додава Ленче Здравкин.
Таа верува дека секој од нив ќе успее да најде мир и спокојство. Хуманитарците на терен вели имаат само една визија- да им помогнат полесно да го минат патот.
“Во Гевгелија деновиве е поорганизирано, тековно, бидејќи намален е притисокот и бројот на мигранти кој се движи од 2 до 3 000. Во шаторите каде што се сместени децата има тајфуни за затоплување, во останатите се ставаат “печурки”- системи за греење. Тоа неможе да ги згрее шаторите, но барем ја ублажува состојбата. Понекогаш се чека неколку часа за да се качат на воз. Засега се снаоѓаме со хуманитарна помош, но ме плаши зимата. Студот потешко се трпи”-нагласува хуманитарката.
За заштита на граничниот појас армијата започна со градење ограда на преминот Меџитлија на границата со Грција. Должината на оградата според најавите дополнително ќе биде определена, откако ќе се утврдат проценките за нејзината неопходност на теренот. Претходно во должина од дваесетина километри беше поставена жичена ограда лево и десно од Котата 59.
Кон средината на минатиот месец, Македонија почна да ги спроведува препораките на ЕУ за селективно пропуштање на бегалци само од воените жаришта во Сирија, Авганистан и Ирак, и да ги блокира сите други лица кои доаѓаат од невоени подрачја давајќи има статус на економски мигранти. Во меѓувреме, Грција го расчисти кампот „Идомени“ и ги врати мигрантите во прифатните центри во Атина, од каде ќе бидат вратени во државите од кои потекнуваат.
Според статистиките на МВР од јуни до сега се издадени потврди на околу 321.759 странски државјани, од кои близу 200 000 се мажи, повеќе од 50 000 се жени, околу 70 000 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 17.719 деца кои патуваат без родител на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
За менаџирање на состојбата на терен и справување со бегалската криза долж рутата на Западниот Балкан, најавена е нова финансиска помош од ЕУ во висина од 13 милиони евра кои треба да бидат дополнителна хуманитарна помош за да се намали притисокот врз веќе исполнетите капацитети на најпогодените земји и да се обезбедат привремено засолниште, храна, здравство, вода и санитарни услови за бегалците.

Слично