(ФОТО) Неколку илјади работници на протест во Белград против новиот Закон за труд!
Со голем протест на кој присуствуваа повеќе од 5.000 работници српските синдикати се обидоа да го спречат изгласувањето на новиот Закон за труд, побараа оставка од министерот и најавија штрајкови.
Со симболичен „погреб“ на социјалниот дијалог, за кој одржаа и минута молчење, синдикалците побараа новото трудово законодавство веднаш да се повлече од процедура затоа што е „штетно за работниците, а корисно за тајкуните“.
„Велат дека сме против реформи. Тоа не е вистина. Ние сме ЗА реформи, но не секогаш преку наш грб“, вели синдикалниот лидер Љубисав Орбовиќ.
Централниот протест се одржа пред Парламентот, каде што работниците со гласни извици и свирежи ги предупредија народните избраници да не гласаат за предложеното законско решение.
Работниците стравуваат дека новото законско решение ќе донесе намалување на платите, откази и уште поголема сиромаштија.
Српскиот министер за труд Александар Вулин останува на ставот дека предложениот закон е подобар од досегашниот.
„Сега работодавачот мора два пати да размисли дали со „тенко“ образложение може некого да отпушти. Дали му се исплаќа тоа ако дојде до судски спор... Тоа е нова работа која сосема оди во корист на работниците“, уверува Вулин.
Работниците сепак сметаат дека најголем дел од одредбите се штетни за нив и најавуваат дека ќе собираат потписи за референдум за да го оспорат новото законско решение.

Слично