(ФОТО) Не сопираат срамните саботажи кон средношколците
Утрово ученици од скопските гимназии се соочија со црни кампањи пред нивните училишта.
!Имено, пред гимназијата ,,Јосип Броз Тито‘‘ - Скопје на влезот осамнал натпис со спреј на кој пишува: ‘‘Средношколци = 1000 денари‘‘. Исто така, нашите другари од Градежниот Училишен Центар ,,Здравко Цветковски‘‘ во нивното училиште прочитаа дека, цитираме: ‘‘ИМА ПАРИ, ИМА МИР‘‘, велат од средношколскиот пленум.
Кои и да сте, што и да сте, НАШАТА СОВЕСТ Е ЧИСТА, и ние мирно спиеме. Но, дали сите вие го можете истото, знаејќи дека врбувате деца, деца кои со сета своја младост сакаат да променат нешто во ова наше труло општество? Баталете ги сите монтажи, клучеви на врата, црни и крајно понижувачки капмањи и погледнете малку подалеку од носот, погледнете го нашиот бел образ на кој постојано удирате шлаканици. Сепак, ниедна од тие шлаканици нема да успее да стави дамка на ниту еден од нас, а камо ли на целиот пленум. Прифатете веќе еднаш дека оние што храбро ви пркосат се само деца, само средношколци со основани и аргументирани барања. Дали можеби тоа што одбивате да го прифатите ова зборува нешто за вас? Господа, госпоѓи, госпоѓици, соученици, КОИ И ДА СТЕ, ако вие не сте доволно храбри да кажете НЕ за уништувањето на образованието и ако не сте способни да испуштите крик на незадоволството, не ви дава за право вака да се срамите. Гневни сме на сите обиди да не извалкате, но запомнете една работа: СЕ ВАЛКАТЕ САМИТЕ СЕБЕ!“


