(ФОТО) Навивачите во Германија ги поздравуваат бегалците
Германските фудбалски фанови се обединија околу благородна кауза. Почитувачи на неколку различни клубови подигнаа транспаренти со натпис „Refugees welcome“, покажувајќи поддршка кон илјадниците бегалци, кои ја преплавија Европа.
Германските Ултраши решиле да ги интегрираат новодојденците на стариот континент, и да присуствуваат на фудбалски натпревари. На последната средба на Борусија Дортмунт од Лига Европа присуствуваа 220 бегалци.
Иницијативата на германските приврзаници доаѓа во поддршка на активностите на германската канцеларка Ангела Меркел. Германија е земјата во Европа, која прифаќа најмногу бегалци.
Слично




