Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: НАПАД ВО ТУРЦИЈА: Експлодираше автомобил бомба – има жртви

ФОТО: НАПАД ВО ТУРЦИЈА: Експлодираше автомобил бомба – има жртви

Тројца загинаа, а повеќе од 40 луѓе се ранети во експлозија на автомобил-бомба крај полициска станица во источната турска провинција Ван, на самата граница со Иран, јави Си-ен-ен.

Станицата се користи и како полициска касарна. Засега не е познато колку полицајци и цивили има меѓу загинатите и ранетите.

2

На местото на експлозијата се гледаат многу возила на брзата помош и полицајци, информира агенцијата Доган.

Премиерот на Турција, Бинали Јилдерим во живо на телевизијата изјави дека имало напад врз полициска станица во Ван, но не даде повеќе детали за инцидентот.

Сè уште никој не ја презеде одговорноста за овој терористички напад, но курдските екстремисти често пати напаѓаат полициски станици и други објекти на безбедносните сили со автомобили-бомби, пишуваат британските медиуми.

Југоисточниот дел на Турција, населен главно со Курди, е зафатен од бран насилство откако во јули лани се прекина спогодбата за прекин на огнот, што беше склучена пред 2,5 години од страна на турските власти и забранетата Курдска работничка партија (ПКК).

333

Слично

Поврзани вести