(ФОТО) Наградени најдобрите угостители во Скопје
Најдобрите три гостилници во Скопје годинава се: „Носталгија “, „Старо буре“ и „Канцона“, додека најдобрите три ресторани се:.„Уранија“, „Венето“ и „Фиш“.
Градот Скопје и годинава ја продолжува традицијата и во соработка со Агенцијата „SWOT RESEARCH“, го реализираше проектот за избор на Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите. Овој проект се спроведува седма година по ред, а плакетите на најдобрите три гостилници и најдобрите три ресторани, денеска им ги врачи Слободан Ќосев, раководител на Секторот за локален економски развој.
„Целта на манифестацијатa „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2014“ е да се издвојат најпрестижните и најдобрите ресторани и гостилници во градот, што секако ќе биде поттик за подобрување на квалитетот на услугата, односот кон гостите, како и на целокупниот амбиент во сите угостителски објекти во Скопје“, вели Ќосев.
Тајните купувачи, ангажирани од СВОТ ДОО Скопје извршија три обиколки на 100-те угостителски објекти, кои по случаен избор влегоа во трката за „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2014“ по што следеше сумирање на резултатите. СВОТ ДОО преку својата мрежа на тајни купувачи ги оцени 50-те ресторани и 50-те гостилници, според примарните критериуми: прв контакт, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храна и завршен контакт. Тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени по одредените критериуми. Според оценките најдобрите три ресторани и три гостилници добија признанија за својот квалитет и престиж.
Душко Угриновски, косопственик на Агенцијата што го спроведува истражување, рече дека годинава во текот на истражувањето коешто се спроведе во периодот од 1 до 31 октомври во повеќето сегменти се забележува поголем квалитет, и потенцираше дека и годинава ниту еден угостителски објект не забележал ниски резултати, под 50 %.
Со проектот се опфатени вкупно 100 угостителски објекти на територијата на градот Скопје, од кои 50 ресторани и 50 гостилници, кои со вкупно 300 посети, или секој по три пати, се оценуваат според следниве 8 критериуми: прв контакт со вработените, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храната и завршен контакт на вработените со гостите.
Резултатите од истражувањето беа јавно презентирани пред угостителите во форма на заклучоци и препораки за подобрување на услугата во иднина.
Овој проект се спроведува веќе седум години по ред и се повеќе го буди интересот кај угостителите, но и кај јавноста. Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на Градот.
Проектот за избор на Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2014 година.

Слично