(ФОТО) На „Партизанска“ повреден велосипедист
Еден велосипедист е повреден кога на него налетал автомобил на булеварот „Партизански одреди“, на пешачкиот премин кај Универзална сала во Скопје утрово. Човекот најверојатно во време на ударот бил симнат од велосипедот и го туркал покрај него.
Повеќе информации за неговата здравствена состојба се уште нема, но од МВР го потврдуваат инцидентот. На него налетал автомобил марка „сеат“ со скопски регистарски таблички.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата и работи на утврдување на причините и одговорноста.
Еве ги фотографиите што ги забележа репортерот на Фактор утрово:
Слично
