(ФОТО) На Ќафасан не се поминува, возилата затрупани со снег
Граничниот премин Ќафасан на македонско-албанската граница е блокиран поради лошите временски услови, известува Топ Чанел од Тирана.
Некои возила не можат да поминат, иако чекале долго време на преминот, а врнежите од снег речиси целосно ги покриле.
Во меѓувреме, делницата Поградец-Ќафасан е проодна но смао со ланци поради присуството на мраз.
Ќафасан во делот кон македонската царина бил блокиран скоро 8 часа. Десетици возила чекаче да поминат во двата правци на патот.
Снежната бура принудила возачите да ги напуштат своите возила, што претставувало уште една причина за оваа блокада.
Се очекува со интервенцијана службите да се придвижат 3-те возила и потоа да се продолжи со отстранување на снегот.
Снегот достигнува 1,5 метри поради ветерот, а на границата имало и жени и деца.
