Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) МРАК СРЕДЕ ДЕН: Во песочна бура во Анкара повредени шест луѓе

(ФОТО) МРАК СРЕДЕ ДЕН: Во песочна бура во Анкара повредени шест луѓе

Среде бел ден падна мрак во Анкара. 

Песочна бура ги зафати областите Отатли и Хајман во главниот град на Турција, Анкара, во која шест луѓе се полесно повредени.

Песочната бура ги погоди областите околу 15 часот по локално време, а претходно е издадено предупредување за силен дожд и невреме.

Ветерот уништи неколку покриви на куќи и згради, откорна дрвја, а граѓаните во паника бараа засолниште, пренесуваат турските медиуми.

Имаше прекин на електричната енергија во центарот на градот, а пожарникарите им помагаа на оние што беа заглавени во лифтови.

Песочна бура е метеоролошки феномен карактеристичен за сувите и полусуви подрачја. Се појавува кога силен ветер ќе понесе песок и прашина од суви површини. 

Слично

Поврзани вести