Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) МОСТОТ УНИШТЕН, А СЕЛОТО ПОДЕЛЕНО НА ТРИ ДЕЛА: Мештани и туристи се отсечени во делови од Црна Гора

(ФОТО) МОСТОТ УНИШТЕН, А СЕЛОТО ПОДЕЛЕНО НА ТРИ ДЕЛА: Мештани и туристи се отсечени во делови од Црна Гора

Штети од поплавите има и во Црна Гора. Поплави ја погодија и оваа балканска држава, поради што туристи и мештани се отсечени. 

Југослав Јакиќ, претседателот на општина Шавник, на својот Фејсбук профил објави фотографии и видео со објаснување дека излеаните реки направиле големи штети.

„Поради огромното количество врнежи се излеаја реките Комарница и Грабовица, што предизвика огромни штети во селото Комарница и на територијата на паркот на природата Драгишница и Комарница. Сите надлежни екипи се на терен и ја следат состојбата и им пружаат помош на жителите“, објасни Јакиќ. 

Во петокот реката Комарница однела два моста во селото, помошни објекти, го променила текот, го поплавила езерцето, имотите, а околу четириесетина мештани и туристи се отсечени во горниот дел на селото.  Вториот мост е скоро уништен, па селото било поделено на три дела.

Невреме деновиве ги зафати повеќето држави од регионот. Босна помина најлошо и таму има над 20 жртви, како и голема материјална штета. Најлоша е состојбата во Јабланица. 


Слично

Поврзани вести