Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Момче од Сараево со своите дрвени очила ќе го освојува светот

(ФОТО) Момче од Сараево со своите дрвени очила ќе го освојува светот

Дамир Бајрактаревиќ почнал да прави гитари од дрво, потоа накит, и на крај очила „Dawood“ со кои сака да го освои домашниот, но и странскиот пазар. 

Отворил своја работилница и самиот на себе си бил учител, дизајнер и менаџер. 

Раскажува дека гитарите се скап процес, кој бара ангажман, а другите елементи му помагаат да заработи повеќе. 

Тој неодамна ги испорачал првите очила за Холандија, а има и нарачки по пат на интернет. 

Момчето половина година го истражувало процесот, а додека се трудел да изработи добри очила, над 100 од нив фрлил. 

„Среќен сум што работам работа која ја сакам, немам работно време и работам кога сум расположен за тоа“ - вели  Бајрактаревиќ. 

Тој планира да отвори салон во кој ќе ги продава своите производи од дрво. 


Слично

Поврзани вести