ФОТО: Мизерни услови за работа во граничната полиција, бараат средба со Чавков!
Полицајците од граничната полиција се жалат на нехумани и мизерни услови за работа кои како што велат, веруват дека ги нема нуту во најсиромашните земји. Тоа го потврдуваат со фотографиите за Фактор, на кои се гледа како и каде тие престојуваат за време на неколку дневното дежурство. Најлоша е велат состојбата во пунктот Кодра фура кој е под надлежност на станицата Танушевци, каде нема тоалети, водата за миење се чува во стари цистерни, просториите се мали и оставени на забот на времето, инвентарот на смеа велат би можел да послужи за стар партизански филм, а со храна која нема каде да ја чуваат се снабдуваат кој како знае и умее.
Стотина полицајци од граничната полиција од станиците Гошинце, Танушевци и Маздрача деновиве поднеле исписници за колективно испишување од Македонскиот полициски синдикат. Револтирани се од како што велат, игнорантскиот однос на нивните претставници кои го потпишале правилникот од Колективниот договор со кој се предвидува од 24 часовно дежурство да им бидат платени само половината работни часови, а останатите 12 да се водат како одмор кој мора да се помине во станицата, со што тие се практично “колатерална” штета на уште поштетни договори на нивните синдикални претставници и надлежното министерство. Ова според нив е причина повеќе да се испишат од матичниот синдикат бидејќи со години наназад не превзема ништо да им ја подобри состојбата.
“Ги поднесовме исписниците и очекуваме од Синдикатот да не известат дека веќе не сме нивни членови. Ако не го направат тоа повторно ќе ја известиме внатрешната контрола, а ќе побараме и средба со министерот за лично да го информираме со кои проблеми се соочуваме и дали ова е дел од најсовремениот Колективен договор кој беше потпишан во мај годинава. Дополнително ќе побараме средба со меѓународните организации како и со Народниот правобранител. Досега ништо не беше превземено за подобрување на работните услови кои се крајно нехумани, а од друга страна полицајците кои се секогаш изложени на постојан ризик треба ли да бидат и најслабо платени. Нека повелат одговорните колеги и нека видат каде и како работиме, а и нека проверат каде се средствата наменети за граничната полиција. Овде сигурно не се, бидејќи и пристигнувањето до пунктовите е опасна мисија поради старите возила кои треба некогаш да ги чекаме со саати од сервис”- велат полицајците од граничната полиција.
За неправдата и дискриминацијата која е нанесена токму на овие припадници на полицијата, чии дежурства како што велат траат со денови во најлоши работни услови се информирани во внатрешната контрола на МВР и Државниот инспекторат за труд а е поднесена и преставка до Уставниот суд.
Реакцијата на полицајците во граничната полиција од трите станици за граничен надзор, Гошинце, Маздрача и Танушевци според професорот Владимир Пивоваров е логичен чекор на незадоволство, особено ако се знае дека тие работат во услови кои не ги задоволуваат ниту минимум стандардите за работа. Јавна тајна вели е дека во караулите се испраќаат полициски службеници - професионалци кои не сакаат да играат по нотите напишани од власта, а цената која треба да ја платат како “неподобни” е денешната состојба во која се наоѓаат.
“Средствата за работа се равенство на нула. Неможе да се заштити ниту една граница со патролирање. Денеска постојат најсовремени електронски помагала кој може да го детектираат секое илегално минување на граничната линија а со такви средства МВР не располага. Досега немаме забележано од активностите на МВР спречување на нелегални минувања на државната граница ниту пак одземање на стоки кои илегално во контигенти влегуваат од Косово”-вели проф. Пивоваров.
Оттука додава универзитетскиот професор, потребно е брзо решавање на проблемот, особено поради фактот што овие станици за граничен надзор имаат суштинско и стратешко значење за земјава и зачувување на безбедноста, а со тоа носат посебен степен на ризик за вработените кои треба да бидат наградени, а не практично казнети што го чуваат мирот и безбедноста на границата.
Реагираат и од Независниот синдикат на полицијата кој е дел од Конфедерацијата на синдикални организации. Оттаму велат дека и до нив стигнале реакциите на полицајците кои досега поднеле претставка до Внатрешната контрола на МВР. Репрезентативните синдикати во рамките на Сојузот на синдикати на Македонија,како што велат од Независниот синдикат се можеби посебен предмет кој треба да биде во топ 10 кај новиот Јавен Обвинител.
“Невозможна мисија е исчленување од Македонскиот полициски синдикат”, со вакви зборови секојдневно ми се обраќаат колеги од сите краишта на земјава. Одговорот за нивно евентуално исчленување ќе го бараат во зградата на Сојузот на синдикати на Македонија, или пак во сектор за финансии во МВР. Резултат на ваквиот синдикален циркуз во полицијата се случи по потпишувањето на колективниот договор во Април 2015 и отпочнувањето на неговото имплементирање” -објаснува Гоце Делчев-Тодев, претседател на Независниот синдикат на полицијата.
Според него потребна е итна ревизија на договорите и носење на сериозен Колективен договор по европски стандарди кој ќе обезбеди можност за професионално и достоинствено извршување на работните задачи во полицијата.
фото Фактор
Р.Ф.

Слично