(ФОТО) Министерот Абдулаќим Адеми поднесе оставка
Министерот за образование поднесе оставка заедно со министрите на ДУИ.
Абдулаќим Адеми ја објави својата писмена оставка на социјалните мрежи а истата е депонирана и во Собранието.
Оваа оставка доаѓа како резултат на одлуката на коалициониот партнер на власта, партијата на Али Ахмети ДУИ која синоќа донесе одлука да се повлече од Владата.
Засега не е познато што е причината за излегувањето од Влада, но ДУИ за во текот на денот најави дека ќе излезат со детали за оваа одлука. Демократската унија за интеграција повлекува девет функционери од Владата.
Артан Груби, шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ Али Ахмети, за НОВАТВ порачува медиумите да имаат трпение оти во текот на денот партијата ќе ги образложи своите одлуки за излегување од Владата. „Не можам да ви коментирам ништо во моментов, ниту пак ќе даваме изјави, но во текот на денот ДУИ ќе се обрати со писмено соопштение во коешто ќе ги објасни мотивите за излегувањето од Владата“ – рече Груби.Аналитичарите, партиите и дел од јавноста се со поделени мислења за оваа одлука која ненадејно ги изненади сите.
Дел од нив велат дека причината е дефокусирање на јавноста од истрагите кои ги почна Специјалното јавно обвинителство а други се со став дека овој потег е обид да се бетонираат изборите закажани за 5 јуни излегоа и опозициските партии.
Извори од албанскиот блок пак сметаат дека оваа одлука е сценарио за продлабочување на кризата и враќање на состојбите пред Договорот од Пржино.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/04/01/odlukata-na-dui-obid-za-defokus-od-istragite-na-sjo-ili-betonirane-na-5-juni/" target="blank" ]ОДЛУКАТА НА ДУИ-Обид за дефокус од истрагите на СЈО или бетонирање на 5 јуни?[/button]


