Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) МИЛИОНИ И ОДДАВААТ ПОЧИТ: Папата ја прогласи Мајка Тереза за светица!

(ФОТО) МИЛИОНИ И ОДДАВААТ ПОЧИТ: Папата ја прогласи Мајка Тереза за светица!

Папата Фрањо ја прогласи денес за светица Мајка Тереза, добитничата на Нобелова награда за мир и една од највлијателните жени во историјата на црквата, 19 години после нејзината смрт. Папата за светица ја прогласи во текот на нејзината миса посветена на канонизацијата на Плоштадот на свети Петар.

Vatikan-Papa-Franjo

„Во чест на светото Тројство... ја прогласуваме и дефинираме света Тереза од Калкута како светица и ја вклучуваме во светиците, наложувајќи целата Црква да ја почитува како таква“, рекол на латински јазик, врховниот поглавар на Римокатоличката црква.

Vatikan-Milosrdne-sestre

Мајка Тереза, мисионерка која поголем дел од животот го поминала помагајќи на сиромашните во Калкута, починала на 5 септември во 1997 во 87 година од срцев удар. Нобеловата награда за мир ја доби во 1979 година за хуманитарна работа.

Vatikan-Svajcarska-garda

Родена е на 26 август 1910 година како Гонџа Бојаџиу во Скопје. Стана игуманија на 16 години, приклучувајќи се во редот на Ирска, а две години подоцна го доби името мајка Тереза. Во Индија се пресели во 1929 година, а за благословена е прогласена во 2003 година во Рим.

Tan2016-9-3_123620935_0_resize (1)

Речиси половина век мајка Тереза во Калкута и други делови на светот им помагала на сиромашните, болните, сирачињата.

Папата ја прогласи за светица бидејќи Ватикан призна две чуда-двете поврзани со излекување на болните-едно во Индија, другото во Бразил. Кон крајот на 2002 година, Ватикан призна дека една жена од Индија која имала тумор на стомакот, е излекувана бидејќи и се молела на мајка Тереза.

Тогаш папата Јован Павле сакал да го заобиколи процесот на беатификација и веднаш да ја прогласи за светица, но од тоа го одвратиле кардиналите. Патот кон дефинитивна канонизација на мајка Тереза лани во декември го отвори папата Фрањо признавајќи друго чудо-оздравување на Бразилец кој во 2008 година се опоравил од тешка инфекција на мозокот.

Tan2016-9-3_12631789_0_resize

Нобеловиот одбор во образложението на наградата наведува дека оние „најосамените, најбедните и оние кои умирајќи во нејзините раце добиле сочуство и милосрдие втемелено на почитта кон човекот“.

Кога ја примала Нобеловата награда за мир, мајка Тереза рекла: „Не сум достојна“, потсетуваат агенции. Британската агенција напоменува дека мајка Тереза и во текот на животот и после смртта се соочувала со критики, но сепка меѓу католиците живее како симбол на сочуство која нудела утеха на болни и луѓе на смртTan2016-9-4_9137618_1_resize

Мајка Тереза била ситна, со ниска градба, и носела бело сари со плав раб.

„Со мал раст, голема во верата, на мајка Тереза и е доверена мисијата на ширење на божјата љубов кон човештвото, псоебно за најсиромашните. Канонизацијата е шанса да се загледаме на јунакињата на христијанството и исклучителен пример на христијанскиот живот“, соопшти Ватикан.

Слично

Поврзани вести