(ФОТО) Јанакиески сѐ уште на распит во Кривичниот суд
Al Jazeera Balkans објави фотографија ходниците на Кривичниот суд во Скопје, на која може да се види поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Освен Јанакиевски, кој во моментов се уште е на распит, денеска беа во судот беа повикани и ексминистерката Гордана Јанкуловска и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелки кои се осомничени за изборни измами.
Од СЈО информираат дека постои основано сомнение оти поранешните министри, заедно со други лица, го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група, за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите, како и да интервенираат во избирачкиот список во корист на партијата од која доаѓаат.
Истражниот судија до утре наутро ќе реши дали некој од обвинетите од Специјалното јавно обвинителство ќе добие или не притвор.
