(ФОТО) Мигранти на границата почнаа да си ги шијат усните од револт
Неколку мигранти од Иран, Курдистан и Пакистан си ги зашиле усните со игла и конец поради одлуката на властите да не им дозволат премин.
Со тоа мигрантите сакаат да порачаа дека не се откажуваат од своите намери да отпатуваат во некоја од земјите на ЕУ.
Најпрво Словенија, потоа и нашата земја, а после нас и Србија и Хрватска минатата недела одлучија да не ги пропуштаат „еконосмките мигранти“ давајќи им предност на оние со воено зафатените подрачја.
Повеќе бегалски семејства, претежно со деца и жени се вратиле во Атина, но пристигнуваат нови.
Вчера влегле вкупно 5797 мигранти што е рекорд во текот на изминатите месеци од Грција во Македонија.
Во период од 19 јуни до ноќта во полноќ се издадени 276.306 потврди од што 57.822 за деца во придружба на родители, како и уште 14.758 за деца кои патуваат без родители.
Во одделението за азил вчера се поднесени пет нови барања на државјани на Авганистан, така што од 19 јуни има вкупно 75 барања.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/Reuters/status/668768230123700224?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed](ФОТО: Ројтерс, Бета, Танјуг)





