Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Мигранти кај Шид се обидоа да влезат илегално во Хрватска

ФОТО: Мигранти кај Шид се обидоа да влезат илегално во Хрватска

Напнато беше денеска на границата меѓу Србија и Хрватска. 

Стотина мигранти од Авганистан и од Пакистан, кои во петокот тргнаа пеш од Белград кон Хрватска, денеска попладне во близина на Шид се обидоа да ја пробијат полициската блокада и илегално да ја преминат границата. 

Сепак српската полиција ги спречи во намерата. 

„Мигрантите биле во меѓузоната на двете држави, но полицијата ги вратила назад и сега се на простор од околу 200-300 метри одалеченост од границата“ – изјави портпаролот на Комесеријатот за бегалци и мигранти на Србија, Иван Мишковиќ.

Кажа уште  дека претставници на комесаријатот и понатаму ги убедуваат мигрантите да го прифатат сместувањето во некој од прифатните центри во Србија, но засега не успеваат во тоа.

Мигрантите, главно млади мажи, кои кон Хрватска се упатиле пеш во знак на протест, до границата стигнале вчера и ноќта ја поминале на отворено.

Откако околните земји членки на ЕУ ја зголемија граничната контрола, во Србија останаа околу 7.000 мигранти кои се оневозможени да го продолжат патот кон некоја од земјите од Западна Европа.



Слично

Поврзани вести