Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) МЕТЕЖ И РЕДИЦИ НА БЕНЗИНСКИТЕ НИЗ СКОПЈЕ - по „страшната“ вест за скокот на цената, возачите поитаа да наточат гориво

(ФОТО) МЕТЕЖ И РЕДИЦИ НА БЕНЗИНСКИТЕ НИЗ СКОПЈЕ - по „страшната“ вест за скокот на цената, возачите поитаа да наточат гориво

На некои од бензинските пумпи во главниот град, каде и онака имаше зголемена побарувачка за гориво, по објавата на РКЕ за драматично зголемување на цената на бензините од ноќеска на полноќ, настана вистински метеж и големи редици.

На одредени места имаше и нетрпение и нервоза кај дел од возачите кои поитаа на набават гориво по пониски цени. 

Фактор објави дека РКЕ ја зголеми цената на дизелот за 10 денари, а на бензините за 5,5 денари. 

Новите цени на горивата ќе важат од ноќеска на полноќ.

На многу од бензинските веќе и не може да се најде гориво.

Слично

Поврзани вести