Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) МЕШТАНИТЕ БАРААТ СПАС НА ПОКРИВИТЕ: Поплави има на грчкиот остров Крит

(ФОТО) МЕШТАНИТЕ БАРААТ СПАС НА ПОКРИВИТЕ:  Поплави има на грчкиот остров Крит

Поплави има во Грција. 

Обилните дождови предизвикаа поплави на островот Крит. 

Поплавени се стотици домови, уништени се патишта, а водата носеше и автомобили со себе. Во поплавите нема повредени и жртви, јави АП.

Најтешка е ситуацијата во областа источно од главниот град Ираклион, каде училиштата се затворени. Во овој дел граѓаните мораат да се евакуираат. 

Некои од мештаните бараа засолниште на покривите на своите домови, додека поројот носеше автомобили и остатоци од урнатини.

Ова е трет пат за помалку од еден месец оваа област да биде погодена од поплави. Обилните врнежи од дожд ќе продолжат да паѓаат до четврток.

На 21 октомври на Крит имаше невреме со град. Улиците беа побелени. 

На 14 октомври само во еден ден имаше 15 потреси на Крит. 

Во мај пак северна Грција се соочи со страотно невреме. 

Слично

Поврзани вести