Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Меѓу згради се урна воен хеликоптер

(ФОТО) Меѓу згради се урна воен хеликоптер

Турски воен хеликоптер се сруши на улица во градот Истанбул.

Четири лица загинаа, а еден е повреден откако хеликоптерот се сруши на улица во станбена област во предградие на Истанбул, а причината за уривањето не е позната. 

Воениот хеликоптер се урнал меѓу две повеќекатни станбени згради, кои не се многу оштетени, а хеликоптерот е целосно уништен.

Тој се урнал додека летал над Санкактепе, населба во источен Истанбул. При падот на воениот хеликоптер, 4 војници загинале на лице место, а еден војник е повреден. Повредниот војник е однесен во болница.

Наводно, хеликоптерот се враќал од рутински лет за обука и се урнал за време на слетувањето во блиската воена база.

Слично

Поврзани вести