(ФОТО) Матурантите играа квадрил и салса
Речиси 1.300 матуранти на плоштадот Македонија беа дел од овогодинешната матурска парада и танцуваа квадрил и салса. Слични прослави се организираа и во другите градови низ Македонија, со што македонските матуранти по осми пат им се придружија во оваа традиција на своите европски врсници.
Покрај вообичаениот квадрил, оваа година матурантите заиграа и салса.
Организатори на манифестацијата се Дирекцијата за култура и уметност – Скопје и Танцовиот клуб „Ритам плус“ од Скопје. Покровител е Град Скопје, а поддржувачи се Делегацијата на ЕУ во Македонија и „Т-мобиле“.
ФОТО: МИА
ФОТО: МИА
Слично
