(ФОТО) Маратонци трчаа на рутата Влада – Соборен храм – Пошта – Влада за социјална правда
Вчера вечерта во рамки на програмата која ја организира опозициската СДСМ во рамки на кампувањето чии шатори веќе 11 дена стојат пред Влада маратонци истрчаа 25 круга.
Протестниот полумаратон „Маратонците за социјална правда“ се движеше на рутата Влада – Соборен храм – Пошта – Влада а маратонците беа од повеќе спортски клубови низ Македонија.
Ова е рутата по која се трчаше:
Денешната програма на камперите пред Влада вклучува средување на Кампот, „бомба“ , протестен марш и обраќања на новинарот Младен Чадиковски, политичарот Драган Тевдосиевски, бизнисменот Борче Чупетрески, и професорот Крсте Шајноски.
Слично



