(ФОТО) Македонски Еуроимпекс ќе увезува автомобили Пежо и за Србија
Компанијата Еуроимпекс Аутогруп од Македонија викендов беше претставена во Србија како нов ексклузивен увозник на автомобилите Пежо за српскиот пазар.
Еуроимпекс Аутогруп е првата приватна компанија во Македонија која започнала да се занимава со трговија со автомобили и лесни моторни возила, а денесска е единствената компанија од автомобилската индустрија која континуирано сите овие години е генерален увозник на еден ист автомобилски бренд.
„Сопственичката структура на оваа компанија не е по првпат на српскиот пазар. Од декември 2009 година ги застапуваме Мицубиши Моторс преку компанијата Иното Моторс. Секој пазар има своја специфичност, а ние веќе ги совладавме потребите и можностите на потенцијалните клиенти, благодарејќи на работата со Иното Моторс“, вели Кирил Воиновски, генерален директор на Еуроимпекс.
Тој вели дека досегашниот увозник на овие автомобили за српскиот пазар Верано моторс професионално си ја одработила својата задача и го издигнала имиџот на Пежо на завидно ниво. Верано останува во мрежата на Пежо како главен дилер за Србија, со своите продажно-сервисни ценри во Белград и Ниш.
Еуроимпекс Аутогруп ја започна својата прва кампања на српскиот пазар со европскиот автомобил на годината, Пежо 308. На своите клиенти им ветува и петгодишна гаранција, а наскоро на јавноста ќе го претстави и новиот рестилизиран Пежо 508.

Слично