Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Мачките на Ванхауте бараат екстерно за Владата!

(ФОТО) Мачките на Ванхауте бараат екстерно за Владата!

Очигледно, каде и да се наоѓа, белгискиот посредник во преговорите меѓу политичките партии, Питер Ванхауте внимателно ги следи сите потези на власта и опозицијата.

Вчера пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се судрија со спротивставени жестоки дебати во врска со екстерното тестирање.

Препознатлив по својот шегобиен карактер, Ванхауте преку своите мачки на социјалната мрежа Твитер овојпат побара да се воведе екстерно тестирање за владата“.

  [embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/peter_vanhoutte/status/707280065168588801[/embed]

На Твитер, белгиецот постојано укажува на состојбите во земјава, само зависи кој како ќе ги сфати.

Имено, вчера  пратениците ги спротивставија ставовите за екстерното.

Дескоска од СДСМ истакна дека системот на екстерно тестирање полесно е да го укинете отколку да го реформирате.

„Нешто што е поставено на погрешни темели не се поправа“, рече пратеничката.

Дискусиите на пленарната седница се вртеа околу тоа што се направило за образованието во чие време.

Додека СДСМ критикуваше за урнисаното образование во последните години  од лошите реформи на владеачката партија, ВМРО-ДПМНЕ пак ги набројуваше реконструираните училишта, новите спортски сали и дисперзираните студии, притоа напоменувајќи дека во времето на „гуруто на СДСМ Бранко Црвенковски“ ништо не се направило.

Слично

Поврзани вести