Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Легнати велосипеди и молк: Протест – „Коце врати ни ги улиците“!

(ФОТО) Легнати велосипеди и молк: Протест – „Коце врати ни ги улиците“!

На скопските улици во тек е протест насловен „Коце врати ни ги улиците“ организиран спонтано од граѓанска самоиницијатива.

Со молк присутните на протестот го почнаа протестот оддавајќи им почит на загинатите велосипедисти во сообраќајни незгоди, и прерано загинатиот велосипедист, 13-годишниот Давид.

Булеварот Илинденска е блокиран, а мирните протестанти се движеа од „Лотосов цвет“ (кај зградата „МЦМ“), низ градски парк па стигнаа до канцеларијата на градоначалникот Коце Трајановски, во близина на паркот, каде всушност младиот Давид го загуби животот.

На големото плато и симболот гума присутните оставаат цвеќе, а пред присутните говори новинарот Огнен Јаневски.

„Овој марш е еден од попотресните, оти има 66 жртви во последните месеци во РМ. Бараме дговорност од оние кои се одговорни за инфраструктурата, и затоа сме тука кај Коце, кој се фали дека инвестира, но тој изгледа не се грижи за пешаците и велосипедистите, нема доволно тротоари. Бараме инфраструктура за сите нас, не само за моторните возила. Коце врати ни ги улиците, грижи се за сите граѓани, ако не можеш дај си оставка, оти се докажа дека си неподобен да бидеш татко на градот“, му порача Огнен на градоначалникот Коце Трајановски.

Фактор ви ја пренесува атмосферата преку фотографии:

protest 26.09

koce vrati ni gi ulicite 2 koce vrati ni gi ulicite3 protest 26.09-2

protest 26.09-3 protest 26.09-5 protest 26.09-6 protest 26.09-8

koce vrati ni gi ulicite1

protest 26.09-9 protest 26.09-10 protest 26.09-11

protets 26.09-13

protest 26.09-14

Слично

Поврзани вести