Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Лавров во Белград – пречекан со маица за вечно руско-српско пријателство

(ФОТО) Лавров во Белград – пречекан со маица за вечно руско-српско пријателство
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров попладнево пристигна во Белград, а од група граѓани од српскиот главен град веднаш доби маица со натпис - „Србија и Русија се браќа засекогаш“. Информацијата на својот Твитер профил ја објави и руското Министерство за надворешни работи. Лавров видно бил пријатно изненаден и ја наместил маицата за да позира. Рускиот министер за надворешни работи попладнево пристигна на аеродромот „Никола Тесла“, каде што го пречека првиот потпретседател на српската Влада и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. Дачиќ и Лавров официјално ќе разговараат утре и ќе потпишат План за консултации меѓу двете министерства за периодот 2015-2016 година. За време на посетата, предвидено е Лавров да се сретне и со српскиот премиер Александар Вучиќ и со претседателот Томислав Николиќ. Во фокусот на разговорите се очекува да бидат билатералните односи, но и актуелната руско-украинска криза.
Слично

Поврзани вести