(ФОТО) КУРДИТЕ ГИ РАЗОТКРИЈА: Турција снабдева и чува логори на терористите долж границата!
Терористи од групата Џабхат ал Нусра поставиле свој логор кај турската граница и добиваат регуларна помош од Анкара, велат курдските Народни заштитни единици.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/LizziePhelan/status/704668472228323329?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]На снимките се гледа како преку бројни возила од Турција преминуваат во Сирија преку граничниот премин Баб ал Салам на турско-сириската граница, недалеку од градчето Азаз на северот на Сирија-област која ја контролира Џабхат ал Нусра.
„Кога зумираме јасно се гледаат турските воени возила на оддалеченост од километар или помалку. А малку напред е едно село за кое луѓето од Народни заштитни единици велат дека терористите на Ал Нусра го користат за обука“, јавува Лизи Филан, новинарка од Раша тудеј која ја снимила репортажата.
Борците на „YPG“ сведочат дека во логорот на терористите од Турција редовно стигнуваат пратки оружје. Исто така велат дека Нусра, бидејќи не учествува во примирјето ги тргнала своите знамиња и други воени обележја.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/LizziePhelan/status/704996680681193472?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Курдите немаат ни третина соменине дека Турција ги спонзорира терористичките групи во Сирја. Официјална Анкара тоа го демантираше, тврдејќи дека ги гранатира положбите на „YPG“ затоа што таа курдска група е блиска до Работничката партија на Курдистан, која Турција сака да ја уништи. Турската артилерија секојдневно бомбардира курдски борци во Сирија иако САД, нивниот сојузник, го сметаат за главен партнер во борба против терористичката Исламска држава.
Постојат повеќе десетици извештаи за премините на турските воени конвои на курдскиот север на Сирија, дури и извештаи дека турските војници копаат ровови во таа област. Турското провокативно воено трупање долж и преку границата со Сирија може да го уништи слабото примирје и мировен процес, предупреди оваа недела генерал Сергеј Куралјенко, кој учествува во надгледување на спроведување на примирјето.
