Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) КРВАВА ПРЕСМЕТКА НА МИГРАНТИ ВО БЕЛГРАД: Летале ножеви и мотики-еден мртов!

(ФОТО) КРВАВА ПРЕСМЕТКА НА МИГРАНТИ ВО БЕЛГРАД: Летале ножеви и мотики-еден мртов!

Еден мигрант на возраст околу 30 години е убиен, а друг е повреден во меѓусебна тепачка во центарот на Белград, пренесоа српските медиуми.

Повредениот мигрант е префрлен во Ургентниот центар.

На лице место останало ќебе и мотика, со која се тепале мигрантите. Во министерството за внатрешни работи е пријавено дека тепачката се случила околу 15 часот во Каменичка улица. Полицијата уапсила и задржала неколку лица осомничени за учество во тепачката, а со претресот кај нив се најдени и ножеви.

Полицијата интензивно работи на расветлување на случајот.

Како што наведуваат очевидци пак, група таксисти и минувачи се обиделе да му помогнат на избоденото момче откако се разбегале останатите. Една девојка му донела ќебе и му го ставила под глава.

Мотивот за тепачката засега не е познат а келнерка од околната кафана рекла дека мигрантите кои престојуваат во околината често се караат.

Слично

Поврзани вести