Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Кованата пара „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија” пуштена во оптек

(ФОТО) Кованата пара „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија” пуштена во оптек

Народната банка на Република Македонија ги издаде и пушти во оптек кованите пари за колекционерски цели „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија.

gfyjgt

Кованата пара „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија” ги има следниве карактеристики:

-  на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани слики на св. Вера (со крст), св. Надеж (со сидро) и св. Љубов (со деца) во златна боја. Под трите светици е прикажана слика на црквата Св. Трофим (Есшо, Алзас, Франција), каде што се чуваат моштите на св. Софија. Во горниот дел од монетата е прикажан грбот на Република Македонија и натписите „100 денари” и „2014”. Во долниот дел од монетата е прикажан натписот „Република Македонија” (на македонски јазик), како и ознаката „Аg925” и тежината на монетата „31.1 г”.

-  на реверсот на монетата е претставена дигитално печатена слика на трите светици - св. Вера, св. Надеж и св. Љубов, претставени како млади девојки. Зад трите светици е прикажана слика од нивната мајка, св. Софија (прикажана во релјеф). Имињата на сите светици се исковани на македонски јазик, а по должината на работ на монетата е претставен украс.

Оваа кована пара е изработена од сребро Аg925, со тежина на среброто од 31,1 г, чистота на среброто од 28,77 г и е во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 мм.

Цената на кованата пара „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија” изнесува 3.800,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Слично

Поврзани вести