Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Кој е човекот што го нападна премиерот Вучиќ во Лондон?

ФОТО: Кој е човекот што го нападна премиерот Вучиќ во Лондон?
Сандуловиќ порано работеше како шеф на обезбедувањето на Зоран Ѓинѓиќ. Се обидоа да го убијат во 201о, а тој за тоа ја обвини „голубарска мафија“. На владино роуд шоу во Лондон вербално и поз закана за физичка атака е нападнат Александар Вучиќ. Човекот што го нападнал е Никола Сандуловиќ, контроверзен српски бизнисмен. Тој се претставил како претседател на Републиканската партија и советник на екс премеиерот кој загина во атентат Зоран Ѓинѓиќ. Рекол дека изборите во Србија биле нерегуларни. Вучиќ одговорил дека Сандуловиќ никогаш не бил советник на Ѓинѓиќ.
„Драги пријатели, можам само да кажам дека ова е извонреден политички подарок за мене. Цела Србија знае кој е овој човек – рекол Вучиќ.
Адвокатката која влегла со Сандуловиќ се вклучила во расправијата и рекла дека на Сандуловиќ му се заканувале со смрт и покажувала кон дискот, кој го носел Сандуловиќ.
На овој човек му се закануваа дека ќе биде убиен ако не ја поддржи политиката на Вучиќ – рекла таа, а откако премиерот и рекол да го достави дискот, таа инсистирала дискот да се пушти пред сите во амфитеатарот.
Инаку Сандуловиќ порано работеше како шеф на обезбедувањето на Зоран Ѓинѓиќ. Се обидоа да го убијат во 201о, а тој тогаш изјавуваше дека зад нападот стои „голубарска мафија“. Беше повреден во експлозијата на автомобил бомба, но без последици.  
Слично

Поврзани вести