ФОТО: Кои се 10-те неверојатни места на Балканот?
На прво место на листата на „Пулс 24" е езерото Блед во Словенија.
Несебар е меѓу 10-те неверојатни места на Балканот, кои мора задолжително да се посетат од туристите. Како во познатите туристички дестинации во светот, така и на Балканскиот полуостров се скриени рајски предели, некои од нив создадени од природата, а други од луѓето.
Блед е лоцирано во сртот на планината, а во средината се наоѓа и единствениот остров во земјата. Сосема блиску до брегот е замокот Блед, кој е еден од најстарите средновековни замоци во Словенија.
На второ место се Плитвичките езера во Хрватска.
Плитвичките езера станаа национален парк во 1949 година Во 1979 година паркот е вклучен во списокот на организацијата УНЕСКО за светско културно наследство.
На трето место е еден од највредните дарови на природата во Црна Гора - остров Свети Стефан. Свети Стефан е остров со населба во близина на Будва. Островот е населен и има 3 цркви - најстарата е посветена на Свети Стефан, а другите две на Александар Невски и на Преображение Господово. Најстариот зачуван документ за островот е од 1431 година.
Четвртото место е за Метеорите во Грција. Ова е еден од најголемите манастирски комплекси во Грција, прославен со уникатно распоредените манастири на врвовите на огромни карпи. Некогаш во Метеори имало 24 манастири, а сега се само 8.
На петтото место е босанскиот град Мостар, распослан живописно на двата брега на реката Неретва.
Шестото место е за Охрид во Македонија, а седми е Несебар.
Следува замокот на грофот Дракула во Бран, Романија.
На деветтото место е една од најважните туристички атракции на албанската ривиера, градот Саранда.
Рангирањето завршува со српскиот град Ниш, еден од најстарите градови на Балканот, наречен „Портата меѓу Истокот и Западот".





