Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ЌЕ ЛЕТУВАТЕ ВО АВГУСТ? Наша идеја за дестинација е …

(ФОТО) ЌЕ ЛЕТУВАТЕ ВО АВГУСТ? Наша идеја за дестинација е …

Едно од најчесто превидуваните места при изборот на дестинација за одличен летен одмор е Фурка, малата населба на средината од полуостровот Касандра, којашто денес е нашиот предлог за август...

Фурка е мала туристичка населба којашто се наоѓа на приближно 180 километри оддлеченост од границата со Македонија, односно нешто повеќе од 120 километри од Солун. Се работи за исклучително пријатно место кое ќе ви ги овозможи сите услови за беспрекорен годишен одмор.

fourka1

Игуана Травел, вашиот верен пријател при патувањата, овојпат ви ја предлага токму Фурка како совршен избор за одмор во август. Во самата населба се наоѓа огромниот маркет Масутис, а локацијата на плажата и зајдисонцата кои ќе ги доживеете таму се причина сами по себе зошто треба да ја посетите Фурка.

Ограничениот број сместувачки капацитети, и покрај сѐ поголемиот интерес за посета и одмор во Фурка, ќе направат да се чувствувате сосема опуштено, бидејќи тука шансите да се создаде преголема гужва се навистина мали.

fourka-beach-bellagio-01-wide_720x384

Уште една добра причина зошто би требало да ја одберете Фурка за одмор во август е идеалната клима во овој период. Температурите се движат околу триесеттиот степен, а секогаш ќе можете да се разладите во пријатно топлото море кое е исклучително чисто во овој предел.

Слично

Поврзани вести