(ФОТО) КАМИНИ, АПАРТМАНИ, ДНЕВНА СО БИБЛИОТЕКА: Тито поседувал луксузен стан во Њујорк каде гости му биле познати актери


Во негово друштво биле светски познатите актери Ричард Батон, Лиз Тејлор, Софија Лорен. Пентхаусот на популарната авенија во Менхетен имал шест соби и четири бањи. Властите на Југославија овој раскошен стан го купиле во 1975 година, а во 418-те метри квадратни имало и три тераси и три камини, четири спални соби. Во една голема дневна соба имало библиотека, а постојат и посебни соби за собарки, батлери... Станот поседува и четири големи мастер апартмани, од кои еден е со камин и два со тераса. Медиумите неодамна објавија дека станот на Тито го купил некој финансиер од Волстрит за 12,1 милион долари.
Неодамна медиумите објавија и фотографија од Тито кога имал 36 години и кога го апселе.
Интересни за јавноста се и љубовните приказни за поранешниот претседател на Југославија.
