(ФОТО) КАМЕЊА И ДИМНИ БОМБИ: Илјадници луѓе во Тирана бараат оставка на Еди Рама!
Неколку илјади десничарски опозициски демонстранти протестираат во албанската престолнина Тирана со барање за оставка на левата влада на премиерот Еди Рама, која ја обвинуваат за корупција.
Некои од демонстрантите фрлале камења и димни бомби во зградата на албанската влада.
"Владата на Рама треба да си замине, оваа влада е корумпирана и дојде време да ја исфрлиме", рече во обраќањето пред насобраните Љуљзим Баша, лидер на албанската Демократска партија која го организира протестот.
Полиција ги чува и зградите на внатрешното и Министерството за транспорт, каде што исто така се собраа демонстранти.
Минатиот месец март илјадници луѓе протестираа со барање за оставка на претседателот на парламентот, кој беше обвинет за заговор за убиство на двајца пратеници.
Владата на Еди Рама освои победа над Демократската партија за време на изборите во 2013 година. Оттогаш сепак опозицијата ја обвинува власта за корупција и зголемена сиромаштија во земјата.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/BalkanNewsbeat/status/674220177018462208?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Албанија е една од најсиромашните држави во Европа. Според светската банка речиси 12% од населението на земјата од 2,8 милиони луѓе живее под прагот на сиромаштијата.

