Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Кај соседите половина метар снег

(ФОТО) Кај соседите половина метар снег

Половина метар снег има во Србија. 

Снегот кој почна да паѓа во текот на ноќта во Белград паѓа и денеска, а се очекува и наредните денови да не престане да паѓа. 

Градоначалникот Зоран Радојичиќ за телевизија ТВ прва изјави дека прогнозата на метеоролозите е поинаква, односно дека очекувал помалку снег.

„Градските служби константно се во четврт степен на подготвеност. Сите служби работат и прекувремено и даваат се од себе да ги ублажат проблемите“, вели тој.

Хаос настана денеска,  се преврте автобус, улици се завеани, автомобили оштетени.

Снег во Србија ќе паѓа до недела. И Македонија утре ќе потпадне под влијание на нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд, каде што врнежите ќе бидат обилни и поројни. Се очекуваат и до 50 цм снег. 

фото Курир

Слично

Поврзани вести