(ФОТО) Јанша се пофали на Твитер – го бараат во затвор!
Лидерот на Демократската партија на Словенија, поранешниот премиер Јанез Јанша денеска на својот Твитер профил го објави повикот да се јави на издржување на затворска казна во траење од две години за корупцискиот скандал „Патрија“.
Според поканата, Јанша мора да се јави на издржување на казната од 20 јуни, со себе да понесе здравствена легитимација, лична карта или друг документ за идентификација, а во спротивно ќе биде присилно приведен.
Сепак, уште постои можност тој да го избегне издржувањето на казната, со оглед на тоа што утре за пресудата ќе разговараат уставните судии. „Ќе ги искористиме сите правни средства за пресудата да падне и таа ќе падне“, изјави неодамна Јанша.
Во процесот „Патрија“ повеќе лица од словенечкиот државен врв, меѓу кои и Јанша, беа судени за корупција при набавката на оклопни возила од страна на финската компанија „Патрија“. Меѓу уапсените беа и двајца вработени во компанијата. Јанша ги отфрла сите информации за негова вмешаност и тврди дека случајот има политичка позадина.
Слично
