(ФОТО) Иванов на средба со Нимиц: Македонија има волја за надминување на спорот
„Како и досега, и натаму Република Македонија активно, конструктивно и со добра волја ќе учествува во процесот, со цел изнаоѓање на заемно прифатливо решение за разликата околу името“, рече претседателот Иванов.
На средбата, на која присуствува министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и новиот пратеник во разговорите за надминување на разликата околу името, Васко Наумовски, претседателот Иванов ја истакнал подготвеноста на македонската страна за средби на највисоко ниво и интензивирање на дијалогот.
Според соопштението од неговиот кабинет, македонскиот претседател истакнал дека до решение може да се дојде само со конструктивност од двете страни и придржување до рамката во која се водат разговорите - резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Во тој контекст, претседателот Иванов повикал на почитување на меѓународното право и доследност кон меѓународно преземените обврски.
Нимиц претходно се сретна и одвоено со шефот на дипломатијата Попоски и преговарачот Наумовски, на која посредникот ги изнел своите видувања за ефективен процес и корисност од фокусиран дијалог кон надминување на спорот околу името со јужниот сосед.
„Македонски интерес е да го надминеме единствениот, но тежок и долготраен проблем со нашите грчки партнери,“ истакнал министерот Попоски. „За да го постигнеме тоа ни треба почитување на правото и политичка волја. Посакуваме таков сигнал да се добие и од Атина по посетата на г-дин Нимиц“.
Медијаторот во Скопје се среќава и со премиерот Никола Груевски, по што ќе одржи пресконференција со заклучоците. Од Скопје Нимиц заминува за Атина, на средба со грчките претставници.
Утре во 13 часот по грчко време, предвидено е Нимиц да се сретна со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос.
амбасадорот Нимиц, претседателот Иванов ја реафирмираше државната позиција на Република Македонија и посветеноста за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение за разликата околу името.
„Како и досега, и натаму Република Македонија активно, конструктивно и со добра волја ќе учествува во процесот, со цел изнаоѓање на заемно прифатливо решение за разликата околу името“, рече претседателот Иванов.
На средбата, на која присуствува министерот за надворешни работи, м-р Никола Попоски, и новиот пратеник во разговорите за надминување на разликата околу името, д-р Васко Наумовски, претседателот Иванов ја истакна подготвеноста на македонската страна за средби на највисоко ниво и интензивирање на дијалогот.
Македонскиот претседател истакна дека до решение може да се дојде само со конструктивност од двете страни и придржување до рамката во која се водат разговорите - резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Во тој контекст, претседателот Иванов повика на почитување на меѓународното право и доследност кон меѓународно преземените обврски.
