Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Иванов му посака среќа на Наумовски, му се заблагодари на Јолевски

(ФОТО) Иванов му посака среќа на Наумовски, му се заблагодари на Јолевски
Шефот на државата Ѓорге Иванов денеска ги прими досегашниот и идниот пратеник на Република Македонија во разговорите за разликите околу името, Зоран Јолевски и Васко Наумовски, соопштија од Кабинетот на Иванов. Во краткото соопштение се истакнува дека Иванов на Наумовски му посакал успешно вршење на должноста во разговорите што се водат под покровителство на Обединетите нации, а на Јолевски му се заблагодарил за севкупниот негов досегашен ангажман и за сите остварени активности како пратеник во разговорите за разликата околу името. На средбата новиот пратеник во разговорите за разликата околу името беше запознаен со досегашните активности во рамки на процесот што се води под покровителство на ОН, стои во соопштението, но не се изнесуваат повеќе детали од средбата.  

Претседателот Иванов на г. Наумовски му посака успешно вршење на должноста.

 

На средбата новиот пратеник во разговорите за разликата околу името беше запознаен со досегашните активности во рамки на процесот што се води под покровителство на ОН.

 

Претседателот Иванов на г. Јолевски му се заблагодари за севкупниот негов досегашен ангажман и за сите остварени активности како пратеник во разговорите за разликата околу името.

Слично

Поврзани вести