(ФОТО) Итен состанок на Кризниот штаб: Пороен дожд го поплави Скопје, а потоа го стресе и земјотрес
Поројниот дожд што вечерва го зафати Скопје, поплави неколку клучни сообраќајници во главниот град. Ваква е сликата на кружниот тек кај хотелот „Континентал“ вечерва:
Проблеми во сообраќајот заради обилните врнежи има и на неколку други сообраќајници, а под вода беше и Градскиот трговски центар, каде скалите наликуваа на вистински водопад. Граѓани на телефонот 195 пријавуваат дека водата им ги поплавила подрумите, а на некои висококатници на последните катови има протекување на вода.
ФОТО: Хаос под Стоковна куќа Мост
Заради невремето вечерва итно заседава Кризниот штаб со цел навремено дејствување, јави порталот Република. Состанокот го свика министерот за т6ранспорт и врски Миле Јанакиески во просториите на Град Скопје со цел да се дејствува онаму каде што е потребно и да се избегнат сите несакани последици.
Освен поплавите, вечерва скопјани ги исплаши и земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала и со епицентар на само 10 километри северно од главниот град. Засега нема информации за причинета материјална штета.

Слично