Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Интересни природни појави

(ФОТО) Интересни природни појави

Мајката природа навистина се потрудила никогаш да не ни биде досадно. Чудните и неверојатни феномени можеме да ги видиме секојденвно ширум планетава. Сајтот „Nature pictures“ објави интересни фотографии за кои е тешко да се поверува дека се вистински, но се.

1. Нечисти олуи - Вулкански молњи

Ова е природен феномен во кој молњата се појавува во вулкански облак. Една студија во списанието „Science“ откри дека електричната енергија се генерира од делови на карпи, пепел, и честички мраз  во вулкански облак, и кога се судрат доаѓа до статички електрицитет, слично како кога има невреме.

Како и да настануваат тие молњи, глетките се спектакуларни.

2. Замрзнати меурчиња во езерото Абрахам, Канада

Ова вештачко езеро неговата популарност ја здобиблагодарение на ретката природна појава која се случува во текот на зимата, кога под замрзнатата површина на езерото се појавуваат замрзнати меурчиња. Овој феномен е редок, а се објаснува со присуството на растенија кои живеат на дното на езерото и ослободуваат гас метан , кој во замрзната форма личи на меурче.

3. Salar de Uyuni, Боливија

Најголемата солена област  во светот е „Салар де Ујуни“ во југозападниот дел на Боливија. Тоа се простира на повеќе од 10.000 квадратни километри. Дебелината на солта во центарот е околу 10 метри. Во периодот на сувата сезона изгледа како голема рамна површина, но во текот на влажната сезона е покриена со тенок слој на вода и изгледа како најголемато огледало во светот.

4. Шумата на еукалиптусите, Хаваи

Прекрасното природно чудо се видовите еукалиптус (eukalpitusa deglupta), чие дрво понекогаш изгледа како виножито. Шарени бои во форма на ленти се јавуваат во различни периоди од годината, а големиот спектар на бои е неверојатен од светло зелена, портокалова, сина, виолетова и нијанси на црвено. Оваа шума се наоѓа во Хаваи.

5. Пајаково дрво, Пакистан

По големиот потоп во 2010 година, во селото Синд во југоисточниот дел на Пакистан, се појави оваа неверојатна по малку застрашувачка појава, дрво чии гранки се вплеткани како пајакова мрежа. Овој феномен е предизвикан бидејќи водата полека се повлекувала и пајаците биле принудени да ги вплетат нивните мрежи околу дрвјата.

6.Подводната шума на езерото Каинду, Казахстан

Оваа неверојатна подводна шума се наоѓа во езерото Каинду во Казахстан. Езерото беше формирано како резултат на земјотресот во 1911 година, кога долината каде што расте ела била преплавена со вода, и на крајот се претворила во езеро. Над езерото се наоѓаат суви гранки, додека под површината е вистинска шума. Многу нуркачи не може да и одолеат  на убавината на ова подводно езеро.

7. Езеро Хилиер, Австралија

Ова необично солено езеро се наоѓа веднаш до океанот во Западна Австралија. Посебно е бидејќи има неверојатна розова боја, и опкружено е со појас од сол и густи шуми. Се уште не е утврдено што ја предизвикало бојата на езерото. Имено, другите розеви езера во светот можат да им заблагодарат на микроорганизмите кои во ова езеро ќе нема.

8. Светлосни стубови, Москва 

Иако оваа светлина изгледа како поларна, вертикалата  Аурора Бореалис светлина е всушност визуелен феномен што се јавува како одраз на светлината од ледени кристали кои се наоѓаат во атмосферата на Земјата. Светлината може да дојде од сонцето или месечината.

Слично

Поврзани вести