Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Инцидент во Собранието: Се судрија пратениците на ДУИ и ДПА

(ФОТО) Инцидент во Собранието: Се судрија пратениците на ДУИ и ДПА

На денешната расправа на собраниската комисија за финансирање и буџет дошло до физичка пресметка помеѓу двајца пратеници од различна политичка партија.

Имено, Пратеникот на ДПА Орхан Ибраими после вербалната расправија го удрил својот колега од ДУИ Талат Џафери со што народните избраници се пресметале физички разменувајќи тупаници.

Според пишувањата на некои медиуми, тие се обвинувале кој е поголем предавник и крадец, со што  Ибраими изреволтиран фрлил пенкало кон својот колега. Веднаш потоа започнала физичката пресметка.

Во обид да ја смират состојбата од Комисијата прогласиле пауза, а и обезбедувањето морало да реагира и ги раздвоило.

(ФОТО:АлсатМ)

Слично

Поврзани вести