(ФОТО) Има бизнис веќе 27 години, а преживеал над 300 конкуренти
Милан Рисојевиќ пред 27 години отворил пржилница за кафе, а само во Лешница тогаш имало 16 слични бизниси.

Оттогаш до денес работата поминала низ многу турбуленции, а фирмата се пошири и влезе во потесен круг за избор на Блиц претприемач за 2016 година, кој го прави истоимениот српски весник.

Велат нема некој да поминал низ Лешница, а да не го почувствувал мирисот на кафето кое пристигнало од Бразил.
Рисојевиќ раскажува дека го наследил бизнисот од татко му и дедо му, кои имале ресторан и продавале кафе. Иако е забен техничар по професија, сакал да се занимава со приватен бизнис.

„Се прилагодував на ситуацијата, а во 2000 година отворив пржилница за кафе. Времето беше такво, само во Лешница имаше 16 такви дуќани, а на територија на општината Лозница беа околу 300. Имаше војна, инфлација, а со појавата на јаки фирми кои продаваат кафе беше тешко. Брзо се затворија многу пржилници, а како се извлековме од тоа не сум ни свесен“ - вели тој.
Тој се придржувал до квалитетот и до правилото дека кафето кое се нуди на купувачите мора да биде вистинско кафе без додатоци како што другите прават.
Имаат седум работници, а сакаат продажбата да ја унапредат.
Тие секојдневно со кафе снабдуваат неколку населени места.
Рисојевиќ вели дека борбата со нелојалната конкуренција е тешка и неизвесна, но тој не се плаши.
За кафето кое го продава додава дека во иднина ќе треба да има помодерна амбалажа.
