Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ИМА 70 СОБИ И 12 ИЗЛЕЗИ: Во Србија постои подземен град за кој малку се знае

(ФОТО) ИМА 70 СОБИ И 12 ИЗЛЕЗИ: Во Србија постои подземен град за кој малку се знае

Во Србија постои подземен град за кој малку се знае. 

Тој се наоѓа во Мали Зворник, изграден е по наредба на кралот Александар Први Караѓорѓевиќ, и е една од најголемите туристички атракции во областа. Подигнат е во почетокот на триесеттите години на 20 век, во голема тајност, под шифра „Камена девојка“, како засолниште за сместување на членовите на династијата Караѓорѓевиќ и на владата во случај на војна. Има околу седумдесет соби и околу 12 излези или влезови кои се блокирани со железни врати. Температурата е меѓу 14 и 16 степени.

Површината од 5.000 квадратни метри скриена во стрмна карпа, сè уште не е доволно истражена.  Подземниот лавиринт е полн со соби вкопани во карпата за командното место на кралот за време на војната и е за подолг престој на околу 5.000 луѓе. Изградбата започнала во 1931 година и траела до атентатот на кралот Александар во Марсеј во 1934 година.

Слично

Поврзани вести