(ФОТО) И ПЕРО АНТИЌ „НАПРЕДЊАК“, ГО ПОДДРЖА СНС: Познатиот кошаркар се потпиша на списокот „Александар Вучиќ - Србија не смее да запре“
Кошаркарската легенда
Перо Антиќ денеска во просториите на СНС се потпиша на списокот „Александар
Вучиќ – Србија не смее да запре“.
Поранешниот кошаркар на Црвена звезда и претседател на Кошаркарскиот сојуз на Македонија, се приклучи на изборната кампања во Србија и ја поддржа листата на Српската напредна странка на претстојните избори. Српската напредна партија денеска го достави списокот до Републичката изборна комисија, заедно со кој достави и 92.637 потписи за поддршка од граѓаните.
На профилот на Твитер
е објавена негова фотографија со претседателот на Извршниот одбор на СНС, Дарко
Глишиќ.
Кошаркашка легенда Перо Антић данас је подржао листу "Александар Вучић - Србија не сме да стане". Хвала, легендо! #SrbijaNeSmeDaStane #SNS #Srbija pic.twitter.com/QEzg0Gt9om
„Кошаркарската легенда Перо Антиќ денеска го поддржа списокот „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“. Ти благодарам легендо“, напиша тој на сметката на СНС.
Перо Антиќ трипати ја освојуваше Евролигата, двапати со Олимпијакос и еднаш со Фенербахче. Играше две сезони во НБА во тимот на Атланта Хокс
